Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус

Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме рецептот кој комбинира спанаќ и пршута.

rolat-so-spanakj-i-prshuta-kje-barate-parche-plus-01.jpg

Лесен е за подготовка, а ќе го обожава целото семејство.

Затоа, ако сакате да ги изненадите со нешто вкусно, можете да го направите уште викендов.

Потребни состојки:

  • 500g свеж спанаќ
  • 200g сирење (со малку маснотии)
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и бибер по вкус
  • ¼ чаша брашно
  • ¼ чаша вода
  • околу 250-300g подебело сечкана пршута 

rolat-so-spanakj-i-prshuta-kje-barate-parche-plus-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Во голема тава загрејте го маслиновото масло и пржете го лукот кој сте го исечкале ситно (додека не стане проѕирен).
  • Додадете го спанаќот во тавата и пржете додека листовите не омекнат. Исечкајте го испржениот спанаќ ситно или ставете го во блендер за да се иситни.
  • Во посебен сад изматете го сирењето со сол и бибер по вкус, па тргнете го на страна.
  • Во длабок сад измешајте ги брашното и водата за да добиете густа, но течна смеса во вид на тесто. Посолете по вкус.
  • Во тестото ставете го изладениот спанаќ, убаво измешајте и истурете го врз плех за печење (обложен со хартија).
  • Печете во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути или додека не зарумени.
  • Извадете го од рерната и оставете да се излади.
  • Остинатиот ролат премачкајте го со смесата од сирење, а потоа наредете ги листовите пршута.
  • Свиткајте во форма на ролат, па оставете го во фрижидер неколку часа за убаво да „впие“, па дури потоа послужете го.

rolat-so-spanakj-i-prshuta-kje-barate-parche-plus-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg