Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
-->
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќи има многу, многу сличен вкус.
Ова е одличен десерт за топлите летни денови.
-->
Во прилог му оди и тоа што се подготвува брзо и не се пече. Па пробајте го.
Оригиналниот рецепт е со јагоди, но ако не можете да најдете, изберете друго овошје, по ваш вкус - малини, банани, праски...
Потребни состојки:
За кората:
- 300g мелена плазма
- 2 лажици какао
- 60g путер
- 200ml млеко
За филот:
-->
-->
- 200ml слатка павлака
- 100g бело чоколадо
- 125g крем сирење
- 4-5 јагоди (или сезонско овошје по вкус)
За премачкување:
-->
- 150g млечно чоколадо
- 2 лажици мелена плазма
Начин на подготовка:
- Соединете ги сите состојки за кората, измесете со рака, па распоредете ја смесата на проѕирна фолија во вид на правоаголник.
- Растопете го белото чоколадо на пареа.
- Во длабок сад изматете ја слатката павлака да се згусне, па додајте го стопеното бело чоколадо, крем сирењето и исечканите јагоди.
- Убаво спојте ги, па добиениот фил распоредете го рамномерно врз кората.
- Свиткајте го ролатот и ставете го во фрижидер да се стегне.
- Во меѓувреме, на пареа стопете го млечното чоколадо и додајте ги двете лажици плазма. Спојте ги двете состојки и со нив прелијте го ролатот.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...