Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди
Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од свежи јагоди - пролетен десерт кој вреди да го пробате дома.
Со доаѓањето на јагодите на тезгите на пазарите и во маркетите, официјално може да се каже дека започна пролетта.
Доколку сте љубител на јагоди, освен што уживате во нивниот вкус свежи, може да пробате и некој неодолив десерт.
Предлагаме вкусни мини лиснати штрудлички со фил од јагоди.
Потребни состојки:
- 500g готово лиснато тесто
- 500g јагоди
- 800ml вода
- 130g шеќер
- 20g нишесте
- 20ml вода
- 20ml вода
- 1 јајце
- 30ml млеко
- 100g коцки мраз
- 200ml Sprite
Начин на подготовка:
- Одвиткајте го лиснатото тесто и размесете го малку со сукало од сите страни, па пресечете тенка линија од краевите.
- Пресечете го тестото на три еднакви и рамни делови по должина.
- Исчистете ги јагодите, измијте ги и исечкајте ги на поситни парчиња.
- Ставете ги јагодите во тенџере, додадете 130g шеќер, измешајте ги добро и оставете ги на тивок оган околу 7 минути.
- Во мал сад, ставете 20g нишесте и 20ml вода, измешајте добро и истурете ја смесата кај јагодите со постојано мешање за да се згусне смесата како желе.
- Истурете го филот со јагоди во сад, покријте со стреч фолија темелно од сите страни и оставете да се излади 30 минути.
- Намачкајте од филот по средината на сите три парчиња лиснато тесто, а одозгора може да наредите и малку сечкани јагоди.
- Со силиконска четка премачкајте ги со вода сита краеви од тестото за да може да се залепи.
- Спојте ги двете страни од тестото во средина (по должина) и со прстите убаво притискајте за горниот дел да остане затворен.
- Со помош на нож за сечење пица, исечете ги краевите и префрлете во плех на хартија за печење, па направете засеци на иста оддалеченост по тестата за потоа полесно да ги исечете.
- Во мал сад изматете ги јајцето и млекото, па премачкајте ги одозгоре тестата и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 30 минути.
Видео постапка:
-->
-->
M. M. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...