Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите

Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за подготовка, а им успева на сите.

posna-proja-so-praz-recept-koj-im-uspeva-na-site-01.jpg

Многумина сметаат дека исхраната во деновите на пости им е ограничена бидејќи не можат да јадат сè.

Иако од една страна тоа е точно, во реалноста сепак можете да ги измодифицирате рецептите на многу омилени јадења и да ги подготвите во посна варијанта.

Еден од тие рецепти е и оној за проја.

Доколку сте љубител на пројата, пробајте го овој рецепт, кој им успева на сите.

posna-proja-so-praz-recept-koj-im-uspeva-na-site-04.jpg

Потребни состојки (се мери во шолја од 250ml):

  • 2 шолји пченкарно брашно
  • 1 шолја пченично брашно
  • 1 шолја бело брашно
  • 2 шолји кисела вода
  • ½ шолја масло
  • 15g прашок за пециво
  • 1 полна лажичка сол
  • 3 струка ситно сечкан праз
  • Сусам за посипување

posna-proja-so-praz-recept-koj-im-uspeva-na-site-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад измешајте ги трите вида брашно, пецивото и солта. Додајте ги маслото и водата.
  • Кога ќе добиете компактна смеса, додајте го празот, па повторно промешајте.
  • Со масло премачкајте го калапот за мафини (или ставете хартиени калапи, па распоредете го тестото рамномерно.
  • Посипете со сусам.
  • Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.

posna-proja-so-praz-recept-koj-im-uspeva-na-site-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од ...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg