Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив
Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls, од кои цел дом ќе ви замириса на цимет и никој нема да може да одолее на десертот.
Воздушести и меки, се топат во уста и имаат неповторлив вкус. Ако сте љубител на цимет, мора да пробате да ги направите и сами.
Иако можеби делува како да се многу тешки, сепак постапката е едноставна, само треба да се држите до рецептот.
Потребни состојки:
За тестото:
- 500g брашно
- 1 сув квасец
- 80g шеќер
- 2 жолчки на собна температура
- 170ml топло млеко
- 80g путер на собна температура
- 150g грчки јогурт на собна температура
За филот со цимет:
- 300g кафеав шеќер
- 25g цимет
- 130g омекнат путер
За прелив:
-->
-->
- 200g крем сирење
- 70g шеќер во прав
- 50g путер на собна температура
- Сок од ½ лимон
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги сувите состојки за тестото, додадете ги течните, па мешајте со миксер околу 5-8 минути додека не се соедини смесата.
- Покријте го садот со тестото со проѕирна фолија и оставете го да се подига 2 часа на топло место, додека не се удвои големината на тестото.
- Направете го филот од цимет, така што ќе ги измешате сите состојки во еден сад додека не добиете хомогена смеса.
- На добро набрашнета површина, размесете го тестото со сукало, во димензии од околу 60х30cm.
- Премачкајте го тестото со филот од цимет, насекаде подеднакво до самите рабови, а потоа цврсто замотајте го како ролат.
- Со помош на конец формирајте 12 ролнички од ролатот и наредете ги на претходно намачкана тава со путер, во плех со големина 22х33cm или малку поголема.
- Покријте ги со проѕирна фолија или крпа и оставете ги 30-тина минути да се подигнат уште малку, а за тоа време загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
- Печете ги 20-25 минути на истата температурата или додека ролните не добијат златно-кафеава боја.
- Измешајте ги состојките за преливот и премачкајте ги ролните убаво насекаде (отприлика по една лажица за секоја ролна).
Погледнете го видеото од постапката:
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...