Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради

Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се подготвуваат лесно од само неколку состојки.

rolnichki-od-tikvichki-polneti-so-parmezan-i-pileshki-gradi-01.jpg

Во сезоната на тиквички, подгответе го овој рецепт за полнети ролнички, кој, веруваме, ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 260g пилешки гради (пресечени на тенки кругови)
  • 130ml маслиново масло
  • 1 чешне лук (ситно сечкано)
  • Ситно исечкан магдонос (неколку гранчиња)
  • Сол и бибер по вкус
  • 300g лебни трошки
  • 100g пармезан
  • ½ лажичка сув рузмарин

Начин на подготовка:

  • Во еден сад ставете ги лукот, магдоносот, рузмаринот, биберот и солта, па додајте го маслиновото масло и спојте ги сите состојки.
  • Тиквичките измијте го убаво и исечкајте ги по должина (со лушпата). Посолете ги малку и оставете ги на страна да пуштат вода. Исцедете ги и поминете преку нив со хартиена крпа за да го впиете вишокот вода.
  • Кога ќе бидат суви, премачкајте ги со маслиновото масло со зачини.
  • Пржете ги на тивок оган за да омекнат малку.
  • Кога ќе се оладат, преку секоја тиквичка ставете пилешки гради, така што парчињата салама ќе ги исечете да бидат со иста дебелина како тиквичката, па свиткајте ролна од секоја тиквичка.
  • Наредете ги ролничките во подмачкана тава за печење.
  • Одозгора наросете ги со лебните трошки кои сте ги споиле со пармезанот. По желба можете да изрендате и малку кашкавал најгоре.
  • Печете околу 15 минути на 190 степени.
  • Ролничките од тиквички послужете ги топли.

rolnichki-od-tikvichki-polneti-so-parmezan-i-pileshki-gradi-02.jpg

rolnichki-od-tikvichki-polneti-so-parmezan-i-pileshki-gradi-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Потпечено пилешко со брокули и пармезан Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко... Во се...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg