Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
-->
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нема да згрешите.
Дома имате пилешко и печурки, но немате идеја каков ручек да направите?
-->
Со овој рецепт за кратко време можете да подготвите вкусно јадење кое ќе им се допадне на сите.
Вкусот е пикантен и уникатен, а самиот начин на кој се сервира пилешкото е одличен за да можете да им го послужите и на гостите, не само на домашните.
Потребни состојки:
- 2 големи парчиња пилешки гради
- 2 големи главици кромид
- 400g печурки
- 1 лажица мелен бибер
- Малку сол
- 80g путер
- 150g пармезан
Начин на подготовка:
- Пилешките гради пресечете ги по должина на 3 резанки (како на видеото), па со толчник истенчете ги.
- Кромидот исечкајте ги ситно и препржете го заедно со печурките, кои се, исто така, исечкани на тенки резанки.
- Ставете мелен бибер и посолете по вкус.
- Кога смесата ќе биде готова, тргнете ја на страна.
- Секое парче пилешко месо (треба да имате 6 парчиеа) ставете го во кутлача, па внатрешноста наполнете ја со смесата од кромид и печурки.
- Преклопете го пилешкото, па секое полнето парче ставете го во тава која сте ја обложиле со хартија ја печење.
- Во тавче стопете го путерот, па додека е жежок, со него прелијте ги полнетите пилешки гради.
- Секое парче најгоре наросете го со малку пармезан.
- Печете околу 35 минути на 200°С, а потоа послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
-->
-->