Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина минути.
Ако сте гурман, сигурно сакате да пробувате нови вкусови. Затоа, ви нудиме рецепт за брз појадок за викенд, со тортиља, јајца, спанаќ и кашкавал.
Потребни состојки:
- 1 тортиља
- 3 големи јајца
- 1/3 котиџ сирење (или солена урда)
- Бибер и сол по вкус
- 1/2 мал домат
- 1 рака беби спанаќ
- 1/4 шолја рендан кашкавал (по ваш избор)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175°С.
- Со малку масло подмачкајте ја тавата за печење, па ставете ја тортиљата, така што рабовите да бидат поткренати на страната на тавата.
- Врз тортиљата ставете ги трите јајца и котиџ сирењето (или урдата), посолете и ставете бибер по вкус, па со виљушка спојте ги убаво сите состојки.
- Доматот исечете го на ситни коцкички, па ставете го врз смесата од јајца и сирење. Над нов ставете ги листовите беби спанаќ и најгоре ставете го ренданиот кашкавал.
- Печете околу 20 минути за јајцата да се стврднат, а кашкавалот да добие златно жолта боја.
- Послужете ја топла.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......