Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање... Звучи идеално нели?
Овој рецепт е одличен за вечера или за појадок, кога сакате набрзина да приготвите нешто вкусно и поинакво, а тајната е во тоа што се подготвува со тортиљи, па нема потреба да месите тесто или да чекате дополнително...
За само 15-тина минути ќе имате топол оброк на кој никој во семејството нема да може да му одолее.
Како да подготвите брза пита од тортиљи со шунка и растопен кашкавал?
Потребни состојки:
- 6/8 тортиљи;
- 3 јајца;
- 150ml млеко;
- 120g шунка (исечена на листови);
- 100g рендан кашкавал или моцарела;
- Малку спанаќ (исчистен и измиен);
- 1 лажичка сол.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180° Целзиусови;
- Тортиљите се виткаат како хармоника и се редат една до друга во премачкан плех;
- Меѓу наредените тортиљи се вметнуваат тенки листови шунка;
- Во длабок сад се ставаат јајцата, млекото, спанаќот и солта и се матат со виљушка;
- Тортиљите се прелеваат со јајцата и се додава рендан кашкавал.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer
Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк
Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
-->