Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков десерт - пита со лиснато тесто и арома на цимет и путер.
За овој десерт не ви треба голема кулинарска умешност, само малку време и волја да поминете барем еден час во кујната.
А крајниот резултат е одличен зимски десерт кој ќе го обожава целото семејство.
Потребни состојки:
- 2 смрзнати лиснати теста за пита
- Малку путер
- 3 круши, исечени на тенки резанки
- Околу ¼ шолја шеќер
- 2 лажици цимет
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Развлечете го едното лиснато тесто за пита, исечете го во тркалезна форма и премачкајте го со малку путер (на собна температура или стопен за полесно да размачка).
- Врз него ставете го второто тесто (кое исто така сте го исекле во тркалезна форма), па поминете ги одозгора со сукало за да ги споите.
- Врз корите ставете чинија (да останат да се гледаат околу 3-4cm тесто од страна).
- Исечете го на ленти со дебелина околу 1 сантиметар.
- Преклопувајте ги лентите една врз друга (во форма на плетенка (како што е прикажано во видеото).
- Кога ќе завршите со „плетење“, измешајте ги шеќерот и циметот и поделете го на три дела.
- Со една третина од смесата посипете ја средината на кората.
- Во средишниот дел наредете ги резанките тенко исечкани круши, па одозгора посипете ги со втората третина од шеќер и цимет.
- Изматете го јајцето и со него премачкајте ја лиснатата кора, а врз него ставете го последниот дел од шеќер со цимет.
- Врз питата со круши ставете мали парчеца путер.
- Печете ја 30-35 минути во загреана рерна на 220° целзиусови.
- Послужете ја со кафе, а по желба можете и со сладолед од ванила.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Рецепт за колач со јаболка и цимет со кој куќата ќе ви замириса на есен
Дозволете си куќата да ви замириса на есен со овој вкусен колач од јаболка и цим...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Домашна пита со грав и потпечени кори, по прилепски рецепт
Во прилепскиот крај еден од најпознатите специјалитети е питата со грав, а рецеп...