Рецепт за колач со јаболка и цимет со кој куќата ќе ви замириса на есен

Дозволете си куќата да ви замириса на есен со овој вкусен колач од јаболка и цимет.

recept-za-kolach-so-jabolka-i-cimet-so-koj-kukjata-kje-vi-zamirisa-na-esen-01_1.jpg

Есента е одлично време да експериментирате со нови рецепти, особено кога се вклучени и сезонските овошја.

Овој десерт е лесен за приготвување, погоден е дури и за оние кои немаат многу искуство во готвењето.

Комбинацијата на јаболка со цимет со сигурност потсетува на есенските денови. Кој би одолеал на овој колач?

Потребни состојки:

За колачот:

  • 230gr јаболка (излупени и исечкани)
  • 60gr путер (на собна температура)
  • 200gr шеќер
  • 1 јајце (на собна температура)
  • 125gr брашно
  • 5ml екстракт од ванила
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 прашок за печиво
  • Малку цимет, морско оревче, мелено каранфилче и ѓумбир
  • Прстофат сол

За посипување:

  • Шеќер
  • Цимет

Начин на подготовка:

  • Јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги. Загрејте ја рерната на 180ºC
  • Измешајте ги циметот и шеќерот потребни за посипување, па оставете ги на страна.
  • Во еден сад ставете ги брашното, сода, прашок за печиво, сол, цимет, морско оревче, ѓумбир и мелено каранфилче, па мешајте додека добро не се соединат.
  • Во друг сад измешајте го путерот, шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила.
  • Откако добро ќе ги измешате, соединете ги состојките од двата сада, па добро мешајте.
  • Додајте ги исечканите јаболка и измешајте за сите заедно да се соединат.
  • Откако добро ќе ги соедините сите состојки, ставете ги во сад за печење, а одозгора посипете со измешаниот шеќер и цимет.
  • Печете околу 30-35 минути, додека не зарумени.
  • Извадете го колачот од рерна, па може да го послужите со сладолед, шлаг, овошен јогурт.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg