Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ролат.
Вкусот на овој ролат е скоро ист како вкусот на принцес крофните, но процесот на подготовка е многу поедноставен.
Дополнително, филот се премачкува врз една кора наместо секоја крофна да се полни поединечно, што ја прави подготовката многу побрза.
Потребни состојки
За тестото:
- 500ml вода
- 150 ml масло
- 4-6 лажици шеќер
- 250g брашно
- 6 јајца
За кремот:
- 400 ml млеко
- 4 жолчки
- 80-100g шеќер (по вкус)
- 10g ванилин шеќер
- 80g брашно/нишесте
- 80g путер (на собна температура)
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете ја водата, па додадете ги шеќерот и маслото. Оставете водата да зоврие, па тргнете го тенџерето на страна.
- Во смесата додајте го брашното, убаво измешајте и оставете ја смесата да се излади 10 минути.
- Изматете ја со миксер за уште малку да ја разладите, па почнете да ги ставате јајцата едно по едно.
- Обложете ја тепсијата со хартија за печење, па внатре истурете ја и израмнете ја смесата.
- Печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Ако се зарумени пребрзо, намалете ја температурата на 180°C.
- Додека го печете тестото не смеете да ја отворате вратата од шпоретот.
- По половина час, изгаснете ја рерната, но не го вадете тестото, туку оставете го внатре уште 10 минути.
- За да го подготвите филот, ставете 300ml млеко да зоврие во големо тенџере.
- За тоа време во длабок сад измешајте ги 4-те жолчки со ванилин шеќер, шеќер, брашно (или нишесте) и остатокот од млекото (200ml).
- Истурете ја оваа смеса во млекото што врие и мешајте додека не се згусне.
- Тргнете го тенџерето од шпоретот и покријте го со фолија.
- Кога филот ќе се излади, додадете го путерот и матете со миксер за да се спои и да не ви останат грутчиња.
- Кремот размачкајте го рамномерно врз изладената кора и свиткајте го во форма на ролат.
- По вкус посипете го со шеќер во прав или во филот, пред да го свиткате ролатот, ставете овошје.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
-->