Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
-->
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминати кај баба на гости - како сами да си направите есенска верзија со вкус на тиква?
Ова е една од најлесните торти, а освен што е вкусна, ќе ви го донесе и мирисот на есента во домот додека се пече.
-->
Едноставна, мека и неодолива, сигурно ќе посакате парче плус, исто како во детството на гости кај баба.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 100ml масло
- 200g брашно
- 1 кора од лимон
- 150g шеќер
- 200g тиква, сечена на коцки
- 2 лажици прашок за пециво
- Шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
- Исечете ја тиквата на ситни коцки и отстранете ја кората, ставете ги во блендер и блендирајте повеќепати додека не стане многу ситно.
- Во сад ставете ги јајцата и шеќерот и соединете ги со миксер.
- Потоа додадете ги во смесата маслото и изренданата кора од лимон, па продолжете да мешате со миксер.
- Додадете го брашното и прашокот за печиво и внимателно измиксирајте додека не се соедини смесата, да остане без грутки.
- На крај додадете ја и тиквата и миксирајте додека не добиете мазна смеса.
- Истурете ја смесата во калап за торта со дијаметар 20-22cm, врз хартија за печење и печете на претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 45 минути.
- Оставете малку да се излади, превртете ја врз голема чинија и наросете шеќер во прав.
Видео постапка:
https://www.facebook.com/watch/?v=1114364153579320
M. M. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
-->