Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го очекувале. Здрава е и погодна за деновите кога се пости.
Оваа здрава пица со тесто од леќа може да ја приготвувате и во деновите кога не се пости, бидејќи е многу вкусна. За да ја направите, користете црвена леќа која ќе ја накиснете во вода и тоа најмалку 4 часа, а идеално е од 8 до 12 часа. Ако не ја накиснете, ќе треба да додадете повеќе вода при блендирањето.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки за тесто:
- 150g црвена леќа, накисната
- 120ml вода
- 1 чешне лук
- 1 прашок за печиво
- Сол по вкус
Потребни состојки за сосот:
- 15ml маслиново масло
- 1 кромид, исечкан
- 1 чешне лук, изгмечен
- 230g сос од домати
- 30g доматно пире
- Малку сушен босилек
- Малку суво оригано
- 1 ловоров лист
- 2,5ml јаворов сируп
- Сол по вкус
Потребни состојки за прелив:
- 5 ml маслиново масло
- ¼ зелена пиперка, исечкана на коцкички
- ¼ црвена пиперка, исечкана на коцкички
- ¼ жолта пиперка, исечкана на коцкички
- 4 свежи печурки, исечкани
- Сол по вкус
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете го садот за печење (30 сантиметри) во рерната додека таа се загрева, за да се загрева и самиот сад.
- Исцедете ја и исплакнете ја накиснатата леќа. Ставете ја во блендер заедно со водата, лукот, праокот за печиво и солта. Блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Ќе добиете тесто што изгледа тенко и водено.
- Извадете го садот од рерна и премачкајте го со малку маслиново масло на дното и од страните за да не се залепи кората.
- Истурете го тестото во тавата и вратете ја тавата во рерната. Печете околу 30 минути или додека рабовите не добијат златно кафеава боја.
- Извадете го тестото од рерната и оставете да се излади.
- Во тенџере со средна големина, ставете маслиново масло, па пржете ги кромидот и лукот на среден оган додека не омекнат.
- Додајте ги сосот од домати и доматното пире, па мешајте додека не се изедначи смесата. Потоа додајте ги и преостанатите состојки.
- Намалете го огнот и оставете сосот да врие околу 30 минути.
- Откако ќе биде густ, отстранете го ливчето ловоров лист.
- На среден оган ставете тенџере со средна големина, па додајте маслиново масло, пиперки, печурки и сол. Гответе додека не омекнеат, околу 10 до 15 минути.
- Изладеното тесто за пица премачкајте го со приготвениот сос, па одозгора ставете го зеленчукот. По желба, може да ставите и исечкани маслинки. Послужете ја веднаш.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com
-->
Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
-->
-->