Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
-->
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни, меки, се топат во уста.
Многу луѓе кога ќе отидат на летување, едвај чекаат на плажа да помине некој што продава крофни со шеќер - одморот како да не е комплетен без нив.
-->
Но, сега можете овие крофни кои се топат во уста да ги направите и дома.
Потребни состојки:
- 600g брашно
- ½ лажичка сол
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 ќесичка сув квасец
- 100ml кисело млеко
- 150ml топло млеко
- 50g стопен путер (или маргарин)
- 2 јајца
- 1 лажица рум
- Рендана кора од 1 лимон
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе го квасецот - ставете ја содржината од ќесичката во сад заедно со ½ лажица шеќер, 1 лажица брашно и половина од топлото млеко (околу 70-80ml) па оставете го да нарасне.
- Во длабок сад ставете ги брашното, солта, останатиот шеќер, ванилата, киселото млеко, јајцата, стопениот путер, румот и изренданата кора од лимон.
- Замесете за да се спојат, па додадете го и нараснатиот квасец.
- Месете додека да добиете мазна смеса, а по потреба, додајте го и останатото топло млеко.
- На крајот додадете ја едната лажица масло, обликувајте го тестото во вид на топка, ставете го во вангла, покријте го со ќеса или крпа, и оставете го да стаса.
- Кога тестото ќе нарасне двојно, префрлете го на работна површина и расукајте го, но не го премесувајте за да остане воздушесто и меко.
- Со чаша направете тркалца, а потоа со чашка за ракија направете дупка во средината на секое тркалце.
- Крофните со дупки тргнете ги на страна и покријте ги со крпа, за уште малку да нараснат.
- Во тенџере ставете масло за пржење и кога ќе почне да се топли, неколку лажици од маслото тргнете на страна. Намалете ја ринглата на средна температура.
- Со топлото масло премачкајте ги крофните, а потоа ставете ги да се пржат.
- Кога ќе бидат испржени, вадете ги врз хартија за да го впие вишокот масло.
- Дури откако убаво ќе се изладат, извалкајте ги во шеќер, па послужете ги.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт
Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
-->
-->