Лиснати погачици со сладок крем и вишни
-->
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го пробале?
Лиснатите погачици, кои потсетуваат на чизкејк, се подготвуваат лесно.
-->
Вкусот останува долго во устата и ве мами да изедете барем уште една...
Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 50g крем сирење
- 40g павлака
- 150g шеќер
- 1 јајце
- Екстракт од ванила (неколку капки)
- 1 лажица нишесте
- 1 лажица сок од лимон
- 250g вишни (свежи или смрзнати)
- шеќер во прав (малку за посипување)
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе го кремот. Во длабок сад ставете го крем сирењето и матете, па додадете 50g шеќер.
- Кога ќе добиете хомогена смеса, додадете ги павлаката, јајцето и екстрактот од ванила.
- Смесата распоредете ја во силиконски калапи (како на видеото) и ставете ја во замрзнувач најмалку 2 часа.
- Расукајте го лиснатото тесто. Со поширока чаша или калап, исечете го на тркалца, па префрлете ги тркалцата врз плех за печење, обложен со хартија.
- Оставете гуи тркалцата од тесто на собна температура за да нараснат.
- Кога ќе се стегне филот во калапите, извадете ги и ставете по едно парче во средината на секое тркалце лиснато тесто.
- Печете во загреана рерна додека тестото не добие убава златно жолта боја.
- Испечените лиснати погачици оставете ги да се оладат, а во меѓувреме подгответе го филот од вишните (претходно исчистени од семка).
- Во тенџере на загреана рингла ставете ги вишните и додадете 100g шеќер. Промешајте, па кога шеќерот ќе почне да се топи додајте и 1 лажица нишесте и сокот од лимон.
- Варете на средна температура додека смесата да се згусне.
- Ставете по 1 лажица од филот врз секое лиснато тесто.
- На крајот посипете ги со малку шеќер во прав, но само врз тестото, а не и преку филот, па послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108256_400.jpg)
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111079_400.jpg)
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107624_400.jpg)
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112688_400.jpg)
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_106264_400.jpg)
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108573_400.jpg)
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...