Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан
Тестото за пица што се подготвува во ресторан има една тајна состојка... Како да го подготвите во домашни услови, а да е совршено?
Домашното тесто за пица се подготвува лесно, иако за да добие совршениот крцкав вкус како од ресторан, треба да имете малку трпение додека да „стаса“.
Но, има и тајна состојка, која можеби ќе ве изненади.
Потребни состојки:
- 300ml млака вода
- ½ лажичка сув квасец
- 1 лажичка мед
- ½ лажица сол
- 420g брашно
Начин на подготовка:
- Во садот со топла вода ставете 1 лажичка мед и убаво мешајте за да добиете хомогена смеса. Во неа ставете го квасецот и оставете да отстои 5 минути (не мешајте).
- Во длабок сад ставете 420g брашно и малку сол. Откако квасецот ќе отстои во водата со мед, измешајте ги двете состојки, па додадете ги во брашното.
- Месете го тестото додека да стане мазно и да не ви се лепи на рацете. Покријте го садот со проѕирна фолија (или ставете го во ќеса) и оставете го да отстои барем 4-5 часа.
- Кога ќе нарасне, префрлете го на набрашнета работна површина, тегнете го и премесете го уште еднаш.
- Со рацете формирајте го тестото во форма на векна леб, па пресечете го на две еднакви половини.
- Секоја половина превиткајте ја со рацете по 8 пати (на крајот треба да добиете форма на топче).
- Двете топчиња ставете ги во два сада и повторно покријте ги со проѕирна фолија или со ќеса, па ставете ги во фрижидер. Најдобро е тестото да остане во фрижидерот преку ноќ.
- Кога тестото ќе биде доволно цврсто, извадете го од фрижидер, па развлечете го со сукало до посакуваната дебелина.
- Врз него ставете ги состојките за пица кои ги сакате и печете во претходно загреана рерна.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
-->