Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават гости...
Пица кроасаните од лиснато тесто се прават навистина лесно.
Подготовката ќе ви одземе 10-ина минути, а печењето околу 20, па за половина час ќе имате готови пица кроасани.
Дури и да не сте експерт во кујната, не можете да згрешите при подготовката.
Единствено, мора да внимавате при печењето, за кроасаните да не ви останат полуживи или да не ги препечете.
Потребни состојки:
- 2 лиснати теста
- неколку лажици кечап
- 200g шунка
- 200g кашкавал
- малку оригано
- сусам за наросување
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200°C.
- Развлечете го првото лиснато тесто на работната површина и премачкајте го со кечап.
- Врз него ставете ливчиња тенко исечкана шунка и кашкавал (ливчиња или рендан), па посипете со оригано.
- Најгоре ставете го второто лиснато тесто, па исечете го на еднакви триаголници (како во видеото).
- Триаголниците свиткајте ги во вид на кроасани и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Најгоре наросете сусам, па ставете ги да се печат околу 20 минути.
- Послужете ги кога малку ќе се изладат.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...

Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан
Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)
Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.
Еден од триков...
-->