Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ѝ одолеете.
Постојат десетици различни начини да подготвите пита со јаболка.
Но овој рецепт за сочна штрудла со цимет и кори премачкани со млеко и путер, ќе го обожавате.
Подготовката е лесна и се спрема релативно брзо.
Потребни состојки:
- 8 јаболка (околу 1,5kg)
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица цимет
- 2 кесички ванилин шеќер
- 125g путер
- 100ml млеко
- 10 тенки коли за пита
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во длабок сад во кој ќе додадете шеќер, цимет и ванилин шеќер.
- На загреана рингла во тенџере, ставете го млекото, па кога ќе се стопли, додајте го и путерот да се стопи. Ова е смесата за премачкување на корите.
- Земете 2 кори (другите нека бидат покриени за да не се исушат и да не распукаат) и премачкајте ги со смесата од млеко и путер, и ставете ги една врз друга.
- Со раце земете околу 1/5 од смесата од јаболка, исцедете ја и поголемиот дел распоредете го преку корите.
- Еден дел ставете на дното, од едниот до другиот крај на кората (како во видеото), а потоа свиткајте ги во форма на ролат.
- Краевите свиткајте ги навнатре за јаболката да не испаѓаат од корите и ставете ја штрудлата во плех за печење, подмачкан со малку масло.
- Повторете ја постапката со останатите 8 кори.
- Кога ќе ги наредите сите во плехот, премачкајте ги со смесата од путер и млеко.
- Печете во загреана рерна 30-40 минути, т.е додека не поруменат.
- Кога ќе ја извадите испечената штрудла, оставете ја да се излади, а потоа посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
-->
-->