Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер и овошен фил - како да си направите сами вкусен десерт?
Ако сте љубител на традиционалните рецепти, може да го пробате овој десерт кој се подготвува лесно, а ќе ве остави без зборови.
Станува збор за пита со фил од џем од малини, а ќе ви стане омилена уште од првото залче.
Потребни состојки:
За тестото:
- 225g солен путер, омекнат
- 120g шеќер
- 320g брашно
За филот:
- 230g замрзнати малини
- 150g џем од малини
- 60g шеќер
- 3 лажици пченкарно брашно
- ½ лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги путерот, шеќерот и брашното и со рака мешајте додека не се формира тесто.
- Направете тесто во форма на топка и пресечете го со нож на пола.
- Тргнете една половина настрана, а другата изгмечете ја и распределете ја низ површината на тавата и израмнете ја со лажица.
- Печете на 190 степени Целзиусови 15 минути, а потоа оставете да се излади 15-тина минути.
- Во друг сад ставете ги замрзнатите малини и додајте ги џемот, шеќерот, пченкарното брашно и сокот од лимон, па мешајте додека не добиете црвена смеса (со парченца овошје).
- Истурете ја овошната смеса врз испечената и оладена основа рамномерно.
- Од вториот дел од тестото кој на почетокот го тргнавте настрана, со прсти кинете и наросувајте во неправилни форми врз филот.
- Печете повторно 35 минути на 190 степени Целзиусови.
Погледнете го видеото за детална постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив
Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...