Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер колачиња - лесно се прават, а имаме рецепт и за глазура за декорации.
Доколку сакате сами да си подготвите божиќни путер колачиња, не се двоумете, бидејќи се прават многу лесно.
Потребни ви се соодветни калапи со новогодишни форми и добро расположение, во празнична атмосфера.
Потребни состојки:
За колачиња:
- 230g несолен путер, на собна температура
- 100g шеќер
- 1 големо јајце
- 1 лажица екстракт од ванила
- 360g сенаменско брашно
- ½ лажица прашок за печиво
- ½ лажичка сол (ако путерот е несолен)
За глазура:
- 3 белки од јајце
- 450g шеќер во прав
- 1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка на колачиња:
- Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Во голем сад, со миксер со слабабрзина, измешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Потоа зголемете ја брзината и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
- Додадете ги јајцата и ванилата и миксирајте со слаба брзина на миксерот, а потоа измешајте ги и брашното, шеќерт во прав и солта, додека не се соединат.
- Поделете го тестото на 4 дела и секое од нив завиткајте го во пластична фолија, па ставете ги во фрижидер околу 1 час.
- На малку набрашнета површина, со набрашнето сукало, растегнете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар.
- Со калапи во божиќни форми исечете го тестото и формите наредете ги во плех на хартија за печење, со малку простор помеѓу нив.
- Печете ги 10-12 минути или додека минимално не добијат благо кафеава боја, извадете ги и оставете да се оладат.
-->
-->
Начин на подготовка на глазурата:
- Додека чекате колачињата да се оладат, во меѓувреме, во сад ставете ги белките од јајца и со миксер на слаба јачина мешајте околу 1 минута.
- Потоа додадете ги шеќерот и ванилата и продолжете да миксирате на слаба брзина додека не се соединат.
- Кога целосно ќе се соедини смесата, зголемете ја брзината на миксерот и мешајте додека не почнат да се оформуваат врвови.
- Поделете ја глазурата во повеќе мали садови и во секој од нив додадете различна боја, па префрлете во готварски шприц и декорирајте по желба.
-->
M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...