Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш, долго време нема да сакате да правите друг десерт.
Некои вкусови си стануваат омилени уште со првиот залак.
Токму такви се и принцес крофните, чиј фил е толку мек и кремаст, што ќе обожавате да ги јадете, а нема да ви е мака ни да ги подготвите, бидејќи се спремаат „за час“.
Потребни состојки:
- 1 кесичка готово тесто за принцес крофни (има околу 20 парчиња)
- 600ml млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 3 кесички ванилин шеќер
- 5-6 лажици шеќер
- 2 жолчки
- 1,5 лажица густин
- 150g маргарин
- 100g путер
- 3 лажици шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во длабоко тенџере се става млекото да зоврие.
- Потоа тенџерето со млеко се става над друг сад со вода што врие, за кремот да се готви над пареа.
- Во млекото што врие се додаваат 2 пудинга од ванила претходно растворени со малку млеко.
- Во пудингот се ставаат 2 жолчки, 5 лажици шеќер, ванилата и густинот.
- Сето ова се меша со жица без престан за кремот да згусне. Ако не ви е доволно благ, додајте уште 1 лажица шеќер.
- Кога ќе биде кремот готов се трга на страна за да се олади.
- Во меѓувреме, во друг сад се матат путерот, маргаринот, шеќерот во прав.
- Во оваа смеса се става лажица по лажица од изладениот жолт крем и се мати со миксер за да се добие мазна смеса.
- Тестата за принцес крофни се сечат на половина, па се полнат со готовата смеса.
- Украсете ги со шеќер во прав или чоколаден прелив пред да ги послужите.
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...