Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025


Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer

Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ги послужите со нешто домашно и вкусно.

brza-gibanica-so-sirenje-vo-air-fryer-01.jpg

За сите кои обожаваат гибаница, сега постои многу побрз и полесен начин да ја подготват.

Овој рецепт е со сирење, но доколку сакате, можете да ја направите со мелено месо, спанаќ или праз, по вкус.

Потребни состојки:

  • 250g готови кори
  • 2 јајца
  • Сол по вкус
  • 200g ситно сирење
  • 100g фета сирење
  • 1 шолја јогурт
  • ½ шолја масло
  • Прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад направете смеса од јајцата, двата вида сирење, јогуртот, маслото и прашокот за печиво. Кога ќе ги споите убаво, додајте и сол по вкус.
  • Корите убаво раздвојте ги и исечкајте ги на ситни парчиња со чисти ножици.
  • Малку по малку, додавајте од корите во смесата од јајца и сирење и мешајте за да се спојат убаво. Постапката повторувајте ја додека не ги додадете сите кори во смесата.
  • На дното на Air Fryer-от ставете хартија за печење, па истурете ја смесата за гибаница. Одозгора посипете со сусам.
  • Печете околу 25 минути на 180 степени, а потоа свртете ја питата наопаку (како во видеото) и печете уште 10-12 минути за да се испече убаво и долната страна.
  • Послужете ја топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg