Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омилен летен рецепт...
Овие пиперки ќе им се допаднат дури и на оние што не можат оброците да си ги замислат без месо, па дури и во лето.
Лесни се за подготвување и идеални за зафатени луѓе, кои по напорниот работен ден сакаат да подготват нешто брзо и вкусно.
Кога се спомнуваат полнети пиперки, најчесто се мисли на оние што се полнети со ориз и месо, но и овие брзо ќе ви се допаднат, затоа што се подготвуваат многу побрзо и можете да ги направите за брз ручек или вечера, без да го поминете цело попладне во кујна.
Потребни состојки:
- 6 пиперки со средна големина;
- 300g сирење (може и фета);
- 2 јајца;
- Неколку лажички павлака;
- Малку сол;
- Сушен власец;
- Црн бибер.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180°C;
- Пиперките се мијат, се сечат на половина и им се отстрануваат рачките и семките;
- Се редат на плех обложен со хартија или премачкан со масло за јадење;
- Во длабок сад се мешаат издробеното сирење, павлаката, јајцата и зачините;
- Пред да додадете сол, пробајте дали сирењето ви е премногу солено, па ако има потреба додадете;
- Пиперките се полнат со мешавината од сирење и на секоја од нив се ставаат по неколку парченца ситно исечкана сланина;
- Се печат околу 30-тина минути на температура од 180°C.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
-->