Протеински појадок за енергетски почеток на денот

Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете денот со многу енергија... Како да го подготвите?

proteinski-pojadok-za-energetski-pochetok-na-denot-01.jpg

По овој вкусен и здрав протеински појадок долго време ќе бидете сити.

Комбинацијата на јајца со неколку видови зеленчук и сирење е толку добра, што ќе се заљубите во вкусот и ќе го подготвувате често.

Количините во рецептот се за 2 лица.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 1 шака беби спанаќ
  • 3 лажици песто сос
  • 150g шери домати
  • 70g црни маслинки
  • 30g фета сирење
  • маслиново масло
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Садот за печење обложете го со мрсна хартија, а на дното ставете малку маслиново масло.
  • Најдолу ставете го беби спанаќот, па искршете ги јајцата.
  • Додадете ги пестото, шери доматите (исечкани на половина или на тркалца) и маслинките исечкани на тркалца.
  • Посолете и додајте бибер по вкус, па промешајте благо со виљушка за да се соединат состојките.
  • Најгоре ставете парченца фета сирење.
  • Печете околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
  • Послужете го појадокот топол.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg