Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)

Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на печените јајца со разни додатоци.

pecheni-jajca-na-oko-recept-za-poinakov-a-vkusen-pojadok-ili-vechera-01.jpg

Се подготвуваат брзо, подеднакво се вкусни како пржените јајца на око, а се сметаат за поздрава варијанта, бидејќи не се користи масло.

Само ставете ги јајцата во калапите за мафини, додајте зеленчук, сирење или сувомесно по вкус и ќе добиете вкусен појадок или вечера.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • Малку зелена пиперка
  • Тиквичка
  • 50g шунка исечкана на коцки
  • 50g сирење
  • Пармезан по вкус
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Подгответе го јадењето во калап за 6 мафини.
  • Јајцата скршете ги и секое јајце ставете го во отворот од калапот за мафини.
  • Ситно исечкајте ги пиперката, тиквичката, шунката, а сирењето можете да го здробите меѓу прсти (или ако ставате кашкавал и него исечете го на ситни коцкички).
  • Одозгора посолете и ставете бибер по вкус, па ставете го во загреана рерна, и печете на 190°C околу 25 минути.
  • Одозгора можете да ставите и малку пармезан и да ги послужите топли.
  • Забелешка: Наместо посочените додатоци, можете да ставите домат, сланина, кисели краставички или што и да ви е омилено.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg