Лесен и вкусен ролат полнет со варени јајца (кои сигурно ви останале по Велигден)
Се прави од готово лиснато тесто, а се полни со кашкавал, салама и варени јајца кои сигурно ги имате во големи количини по празникот – идеален рецепт за вечера или мезе со гости.
Ако и вашиот фрижидер е преполн со варени јајца од велигденските празници, имаме идеја како да ги искористите.
Освен салатите во кои може да ги вметнете, ако веќе ви здосадија оброците со леб и јајца, направете еден поуникатен рецепт.
Потребно ви е само готово лиснато тесто (па дури може да го замените и со тортилја), како и уште неколку состојки кои сигурно ги имате дома, за да го наполните ролатот.
Потребни состојки:
- Готово лиснато тесто (околу 800g)
- Крем сирење (околу 150g)
- Малку копар
- Малку млад кромид
- 200g кашкавал
- 200g шунка или сувомеснато
- 4 варени јајца
- 1l вода
- Едно јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Отворете го целосно лиснатото тесто и премачкајте го насекаде со крем сирење.
- Исечкајте ги ситно копарот и кромидот и наросете врз слојот од крем сирење.
- Наредете ги парчињата кашкавал насекаде низ тестото, а саламата врз кашкавалот во два реда.
- Наредете ги четирите варени јајца во една линија едно под друго и изгмечете ги со кујнска алатка за гмечење и распределете ги парчињата врз саламата.
- Замотајте го тестото цврсто и темелно, почнувајќи од страната која е повеќе полнета.
- Исечете го ролатот на подебели парчиња, можете да користите ножица за попрецизно сечење.
- Наредете ги едно до друго парчињата во соодветен сад со хартија за печење и премачкајте ги со изматено јајце.
- Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, додека не добијат златно-кафеава боја.
М. M. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
-->