Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробате овој брз рецепт за цвет банички.
Баничките во форма на цвет се подготвуваат многу лесно.
И иако во овој рецепт филот е комбинација од спанаќ и сирење, сепак, можете да ги филувате со сè што ќе посакате, дури и со џем или некој крем.
Потребни состојки:
За основата:
- 5 готови кори за пита
- 1 шолја млеко
- ½ шолја масло
- 1 јајце
За филот:
- 750g спанаќ
- 2 главици кромид
- 200g сирење
- Сол, бибер по вкус
- ½ шолја масло
Начин на подготовка:
- Сите состојки за филот исечкајте ги и спојте ги во длабок сад, па тргнете го на страна.
- Секоја кора за пита поделете ја на 4 дела (за да добиете 20 еднакви парчиња).
- Подгответе го преливот за премачкување на корите - во длабок сад ставете ги маслото, млекото и јајцето и ставете прстофат сол во смесата.
- Секоја кора премачкајте ја со малку прелив, а потоа свиткајте ја како на видеото.
- Додадете од филот, затворете ја баничката и ставете ја во плех за печење, кој сте го обложиле со хартија.
- Со преливот што ви остана, премачкајте ги баничките, па печете ги во загреана рерна на 180 степени додека не поруменат.
- Послужете ги додека се топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer
Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
-->