Потпечено пилешко со брокули и пармезан
-->
Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко...
Ако немате идеја за ручек, а сте љубител на брокули, пробајте го овој рецепт - сочен и вкусен, ќе ви се допадне уште со првиот залак.
-->
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
- 300g брокула
- 1 големо парче пилешки гради (или 2 помали)
- 4 јајца
- По вкус сол и бибер
- 100ml павлака
- 150g кашкавал
- 1 главица кромид
- 1 домат
- 50g пармезан
Начин на подготовка:
- Измијте ја брокулата и одвојте ја на „цветови“ кој ќе ги наредите на дното на огноотпорна тава за печење.
- Пилешките гради исечкајте ги на коцки.
- Јајцата искршете ги во длабок сад и изматете ги со виљушка, посолете ги и ставете бибер по вкус.
- Во смесата додајте 100ml неутрална павлака, а потоа и рендан кашкавал.
- Убаво промешајте и кога ќе се соединат состојките, во смесата додадете го и пилешкото.
- Истурете го пилешкото врз брокулата, на најгоре ставете тркалца кромид и тркалца домати (како во видеото).
- Врз доматите ставете малку рендан пармезан.
- Печете во загреана рерна околу 50 минути (со чепкалка проверете дали е месото испечено).
- Оставете да остине, па послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Сочно Алфредо пилешко со кашкавал, потпечено во рерна
Помеѓу многубројните начини на кои можете да го подготвите пилешкото филе е и Ал...
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Потпечени сочни макарони со праз и пилешко
Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тесте...
Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал
Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па не...