Сочно Алфредо пилешко со кашкавал, потпечено во рерна
-->
Помеѓу многубројните начини на кои можете да го подготвите пилешкото филе е и Алфредо пилешко со кашкавал. Ако досега не сте го пробале - не чекајте!
Пилешкото Алфредо со кашкавал и компири, се топи во уста. Вкусот е неодолив, а тоа лесно може да стане едно од вашите омилени јадења.
-->
Не е тешко за подготовка, па ако немате идеја за денешниот ручек, можете да го подготвите веднаш.
Потребни состојки:
- 500g пилешко филе
- 1 мал кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици нишесте
- 300ml млеко
- По 1 лажичка сол, вегета, црвен пипер, лук во прав
- 500g компири
- По вкус сол, вегета, црвен пипер, сув магдонос, лук во прав и малку масло
- 150g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и зачинете ги со вкус сол, вегета, црвен пипер, сув магдонос, лук во прав и малку масло.
- Ставете ги да се печат во Air Fryer околу 30 минути на 180°C или во рерна.
- Пилешкото исечете го на коцки, зачинете го со по 1 лажичка сол, вегета, црвен пипер и лук во прав и пржете го додека не зарумени.
- Потоа додадете го кромидот (ситно исечкан) и пржете додека да омекне, а пред крај ставете и едно чешне лук.
- Потоа, додадете две лажици нишесте и прелијте го пилешкото со млеко, мешајќи без престан додека сосот целосно не се згусне.
- Тргнете ја тавата од оган.
- Печените компири префрлете ги во огноотпорен сад или ако сте ги печеле во рерна, врз нив ставете го пилешкото, а најгоре ставете го ренданиот кашкавал.
- Печете во рерна на 180°C, околу 10-15 минути за да се стопи кашкавалот и пилешкото да добие убава златна кора.
- Послужете го топло.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Потпечено пилешко со брокули и пармезан
Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко...
Во се...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Потпечени сочни макарони со праз и пилешко
Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тесте...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал
Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...