Рецепт за домашен леб со лук и кашкавал
За сите оние кои обожаваат печива и мирис на тазе испечен леб - ова е совршен рецепт (особено во зима).
Наместо да купувате леб, можете самите да го замесите дома.
Но, овој рецепт не е класичен, туку содржи лук, кашкавал и магдонос.
Се подготвува едноставно и брзо, па пробајте го што поскоро - нема да згрешите.
Лебот се пече во калап е 35х15cm.
Потребни состојки:
За сосот:
-->
-->
- 1,5 лажица брашно
- 100ml млеко
За тестото:
-->
- 300g брашно
- 100ml млеко
- 40g крем сирење (2 лажици)
- 6g сув квасец (2,5 лажички)
- 1 лажица шеќер
- 1 јајце
- 20g путер на собна температура
- 1 лажичка сол
За филот:
- 1 главица лук
- Малку маслиново масло
- 70g путер
- Неколку гранчиња свеж магдонос
- 100g кашкавал (по можност чедар)
Начин на подготовка:
- Најпрво направете го сосот - соединете ги брашното и млекото во тенџере и варете додека не добиете смеса налик на пудинг.
- Тргнете го тенџерето од ринглата и оставете смесата да се излади.
- Подгответе го и филот - лукот сосе лушпите ставете го во фолија, прелијте со маслиново масло и затворете го, па ставете го во загреана рерна да се испече/омекне.
- Путерот нека биде на собна температура, па во него ставете го омекнатиот лук.
- Ситно исечкајте го магдоносот, измешајте го со лукот и путерот и филот за премачкување е готов.
- Во длабок сад ставете го брашното, направете дупка во средината, додајте го квасецот, шеќерот, топлото млеко и почекајте да се активира квасецот (околу 5 минути).
- Потоа додајте ги останатите состојки, вклучувајќи го и кашестиот сос (само не го ставајте путерот) и замесете го тестото.
- Кога смесата ќе се изедначи, додајте го путерот и уште еднаш премесете го.
- Оставете го да нарасне, а потоа расукајте го во вид на квадрат 30х30 cm.
- Тестото премачкајте го со филот од лук и врз него додадете изрендан чедар.
- Поделете го на 16 еднакви делови, ставете ги еден врз друг, па потоа наредете ги во калапот за печење.
- Прво печете на 200 степени, но кога ќе зарумени, намалете ја температурата на 180 степени.
- Пред да го извадите лебот, наросете го одозгора со уште малку чедар.
- Оставете го да се излади пред да го послужите.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Омилен појадок за сите што сакаат сендвичи со растопен кашкавал – Како се прави Pizza Lava?
Растопен кашкавал во средината, но и на површината на сендвичот. Знаете ли како ...

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

4 вкусни рецепти за на скара, за оние што постат на 1-ви Мај
Што можете да испечете на скара, а да не биде од животинско потекло? Како да го ...

5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....