4 вкусни рецепти за на скара, за оние што постат на 1-ви Мај
-->
Што можете да испечете на скара, а да не биде од животинско потекло? Како да го прославите 1-ви Мај, кога се паѓа среде најголемиот пост?
Годинава, празникот на трудот се падна среде велигденскиот пост, па ако сте во дилема што може да си подготвите на скара за да не останете гладни, во продолжение ви нудиме неколку предлози.
-->
Можете да си направите вкусни ражничи или пак да си потпечете зеленчук на скара, а овие рецепти сигурни ќе ви бидат од корист.
Печени тиквички на скара
Потребни состојки:
- 2 тиквички (со средна големина исечени на тенки ленти);
- 1 лажица маслиново масло;
- ½ лажица кора од лимон;
- ¼ лажиче буковец;
- 1 лажиче сол;
- ½ лажиче црн бибер;
- 4 ливчиња босилек.
Начин на подготовка:
- Скарата се загрева на средна температура;
- Исечените тиквички се ставаат во длабок сад, им се додава маслиново масло, кора од лимон и буковец;
- Се додава сол и црн бибер и тиквичките се мешаат додека да се распоредат зачините;
- Тиквичките се печат на скара од двете страни по околу 3 минути, или додека да омекнат;
- Декорирајте ги со исечкани ливчиња босилек и буковец.
Раженчиња од зеленчук
Потребни состојки:
- 2 тиквички со средна големина (исечени на подебели полукрукчиња);
- 300g свежи шампињони (исчистени и исечени на половинки);
- 1 црвен кромид (исечен на резенки);
- 2 помали лимони (исечени на осминки);
- 3 големи лажици маслиново масло;
- 1 чешне лук (изрендано);
- 1 лажица свежа мајчина душица, оригано или рузмарин;
- Малку буковец;
- 1 лажиче сол;
- ½ лажиче црн бибер.
Начин на подготовка:
- Ако користите дрвени стапчиња за раженчиња, потопете ги во вода на половина час, а скарата се загрева на средна температура;
- На секое стапче се редат парчиња тиквички, печурки, кромид и лимон, наизменично;
- Во длабок сад се мешаат маслиново масло, рендано лукче, зачини и буковец;
- Секое раженче се премачкува со мешавината од масло и зачини, па се посолува со сол и бибер;
- Секое раженче се пече на скара со повремено вртење, околу 12 до 14 минути, односно додека зеленчукот да омекне.
Потпечени компирчиња на скара
Потребни состојки:
- 4 големи компири (излупени и исечени на резенки);
- 2 големи лажици лук во прав;
- 1 лажица сол;
- 1 лажиче црн бибер;
- 50ml маслиново масло;
- 2 лажици свеж магдонос (ситно исечкан).
Начин на подготовка:
- Компирите се варат во тенџере со топла вода, додека не омекнат или околу 5 до 7 минути;
- Се процедуваат и се оставаат да се оладат;
- Скарата се загрева и се премачкува со малку масло;
- Во длабок сад се мешаат лук во прав, сол, црн бибер и маслиново масло, па се додаваат сварените компири и се мешаат додека да се обложат со зачините;
- Компирчињата се печат на скара додека да добијат златно-кафеава боја, или околу 5 минути од секоја страна;
- Се декорираат со сечкан магдонос и се послужуваат.
-->
-->
Раженчиња од печурки
Потребни состојки:
- 50ml балсамико оцет;
- 2 лажици соја сос;
- 2 чешниња лук (рендани);
- ½ лажиче црн бибер;
- 500g свежи печурки (шампињони);
- Свежо исечкан магдонос (за декорација).
Начин на подготовка:
- Во голем сад се меша балсамико оцет, соја сос, рендан лук и црн бибер;
- Печурките се сечкаат на ленти и се ставаат да се маринираат во сосот;
- Дрвените стапчиња за раженчиња се остават да се натопат во вода додека се маринираат печурките;
- Скарата се загрева на средна температура;
- Печурките се редат на раженчиња и се печат по 2 до 3 минути од секоја страна;
- Се декорираат со магдонос и се послужуваат.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан
Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...