Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки

Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнети со ориз и печурки, послужени на уникатен начин.

posen-ruchek-za-sladokusci-polneti-crveni-piperki-so-oriz-i-pechurki-01.jpg

Изборот на посни јадења во периодот на постите е голем, но дали сте го пробале овој рецепт?

Ако не, барем еднаш нека се најде на вашето мени (а потоа ќе го подготвувате често).

Потребни состојки:

  • 6-7 црвени пиперки (за ајвар)
  • 1 главица кромид
  • 1 среден морков
  • 200g печурки
  • 220g ориз (долго зрно)
  • 500ml вода
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажика бибер
  • 1 лажичка сол
  • Свежи билки (копар, магдонос - по вкус, ситно сечкани)
  • 1 домат
  • 150g растителен кашкавал

Начин на подготовка:

  • Пиперките сосе дршки се печат во загреана рерна за да омекнат (околу 20 минути на 180 степени Целзиусови).
  • Додека пиперките се печат, во тавче на малку масло пропржете го кромидот кој сте го исечкале на ситно.
  • Веднаш додадете го и ситно исечканиот морков, печурките исечкани на покрупни парчиња и оризот.
  • Зачинете со сол, бибер и куркума, па додадете ја и водата. Смесата нека се динста неколку минути (ако треба додадете уште малку вода), па на крајот додадете ги и билките и доматот (исечкани на ситно).
  • Оставете да прокрчка уште неколку минути.
  • Во меѓувреме, извадете ги црвените пиперки од рерната, па со нож пресечете ја секоја пиперка на половина, по должина.
  • Наполнете ги со смесата од ориз и печурки (рамномерно распоредете ја целата смеса), па врз неа ставете рендан растителен кашкавал.
  • Печете уште 10-15 минути на 200 степени Целзиусови.
  • Послужете ги топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg