Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
-->
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но лесно можете да го направите и сами.
Тавче гравче e едно од најпознатите јадења кај нас. Во зависност во кој дел на Македонија сте, можете да сретнете разни верзии на овој специјалитет, но сите се несомнено вкусни.
-->
Како да направите тавче гравче?
Потребни состојки:
- 1/2kg грав
- 1-2 главици кромид
- 1 стебленце праз
- 2 до 3 чешниња лук
- 100ml масло
- 2 лажици брашно
- 1 лажица мелен црвен пипер
- половина лажичка буковец
- 1 ловоров лист
- 5-6 листови свежо нане
- 1 лажица ситно сечкан магдонос
- 1 свеж домат
- 2 до 3 свежи пиперки
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Гравот најпрво треба да го ставите во длабок сад, да го измиете и оставете да отстои една ноќ.
- Следниот ден сменете ја водата, ставете го на шпорет и варете го додека не омекне, но внимавајте зрната да останат цели.
- Откако ќе го сварите гравот, исцедете ја водата, но не целосно.
- Во тава ставете го маслото, па додајте го ситно исечканиот кромид заедно со исечканиот праз и пржете додека не омекне кромидот.
- Во тавата додајте го ловоровиот лист, црвениот пипер, брашното, сол, бибер, и други зачини по желба.
- Сите состојки убаво промешајте ги да се соединат и потоа додајте ситно сечкан лук.
- На крајот истурете го гравот и убаво измешајте, па префрлете сè во тава за печење.
- Најдобро е гравот да го готвите во земјен сад, за да има убав шмек.
- Врз гравот ставете ситно сечкано нане и магдонос а потоа ставете домати исечени на прстени, пиперки исечени на половина и исчистени од семки.
- Се пече во загреана рерна на 185°C околу 30 до 45 минути.
- Кога на горниот слој ќе се формира кора, гравот е готов.
В. К. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...