Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се вистински деликатес кој мора да го пробате.
Ако сте љубител на турската кујна, тогаш овој брз и едноставен рецепт сигурно ќе се најде на вашето мени.
Потребни состојки:
- 1 пакување тортиљи
- 2 средно големи парчиња пилешки гради
- 2 чешниња лук
- Сок од 1 лимон
- Малку масло
- 2 главици кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 1 лажица црвен пипер во прав
- 1 лажица кари
- Сол и бибер по вкус
- ½ лажица коријандер
- Малку мелен ким
- 5-6 парчиња кашкавал
- 150-200g рендан или ситно сечкан кашкавал (или моцарела)
Начин на подготовка:
- Пилешкото исечете го на ситни коцки и маринирајте го во сок од лимон и лук кој сте го исекле ситно. Ова можете да го направите и од вечер или неколку часа претходно.
- Секоја тортиља исечете ја на помали тркалца (од 1 тортиља да добиете 2 до 4 мини тортиљи, зависно големината).
- На тава загрејте малку масло, па ставете го пилешкото. Штом малку се пропржи додадете го кромидот кој ќе го исечкате на резанки, заедно со пиперките (исто така исечкани на резанки) и сите зачини.
- Убаво промешајте за да се спојат состојките, па оставете ги месото и зеленчукот да прокрчкаат во тавата, поклопени со капак.
- Кога ќе бидат скоро готови, најгоре ставете неколку парчиња кашкавал кој лесно се растопува (како на видеото).
- Тргнете ја смесата на страна, па почнете да ги полните тортиљите и да ги редите во тава за печење, која претходно сте ја премачкале со малку масло.
- Кога ќе ги ставите сите тортиљи во тавата за печење, наросете ги со рендан кашкавал или моцарела.
- Печете ги околу 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени (или додека да се стопи кашкавалот и малку да зацрвени).
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив
Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...