Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Data Analyst 21-03-2025


Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство

Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од јајца. Но, што ако ви се пријаде мусака во деновите на постите?

posna-musaka-vkusen-ruchek-za-celoto-semejstvo-01.jpg

Ако сакате да јадете мусака, а постите, тогаш вистинското решение е посна верзија на омиленото јадењ, направена со многу видови зеленчук.

Оваа мусака е одличен избор за ручек за целото семејство, а може да се подготвува дури и во деновите кога не се пости.

Потребни состојки:

  • 450g модар патлиџан
  • 300g тиквички
  • 800-900g компири
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • Сол, бибер, оригано лук во прав (по вкус)

Сос од домати:

  • 1 главица кромид (сечкан)
  • 3-4 чешниња лук (ситно сечкан)
  • 250g печурки
  • 300g наут (варен и испасиран со виљушка)
  • 800g конзервирани излупени или исчистени домати
  • 1 лажица соја сос
  • ½ лажичка буковка
  • 70 ml црвено вино
  • 1 лажичка цимет и каранфилче во прав
  • Мајчина душица и оригано по ½ лажичка, ловоров лист
  • Сол, бибер, чили во прав (по избор, ако сакате зачинета)

Вегански бешамел сос:

  • 120g индиски ореви (непечени)
  • 1 лажиче сенф
  • 400 ml вода (или малку повеќе)
  • Малку сок од лимон (по вкус)
  • Сол, лук во прав
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици брашно

posna-musaka-vkusen-ruchek-za-celoto-semejstvo-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Измијте го зеленчукот. Модриот патлиџан пресечете го по должина на тенки парчиња (0,6 -0,7mm).
  • Посолете ги, ставете ги во цедалка да отстојат околу 20-30 минути за да ја испуштат водата, па со хартија или крпа поминете преку нив за да ги исушите.
  • Истата постапка повторете ја и со тиквичката.
  • Компирите излупете ги и исечете ги на тркалца малку подебели од модриот патлиџан. Зачинете ги со сол и бибер, додадете оригано и наросете ги со малку маслиново масло.
  • На истиот начин зачинете ги и модриот патлиџан и тиквичките.
  • Сега подгответе го доматниот сос со печурки и наут. На 2 лажици загреано маслиново масло, препржете го исечканиот кромид (со малку сол) за да омекне. Додавајте по малку вода за да не изгори.
  • Потоа додадете го исечканиот лук и зачините по вкус - бибер, малку цимет и каранфилче, мајчина душица и оригано, црвена буковка.
  • По 2-3 минути додадете ги исечканите печурки и пржете додека не испари водата што ја испуштаат тие.
  • Додајте ги соја сосот и црвеното вино, а на крајот конзервите ситно сечкани домати и варениот наут.
  • Оставете да се вари околу 5 минути, па тргнете ја тавата од оган.
  • Следен чекор е смесата од индиски ореви, која е дел од бешамел сосот.
  • Индиските ореви ставете ги во топла вода околу 30 минути, па кога ќе набрекнат, изблендирајте ги.
  • Додадете ја водата, малку сок од лимон, сенф, сол и лук во прав. Мешајте додека да добиете кремаста текстура, која треба да е течна.
  • На крај, подгответе го бешамелот. Ставете 4 лажици маслиново масло во тенџере, на средна топлина. Додадете го брашното и пропржете кратко, околу 1-2 минути.
  • Со постојано мешање додавајте го течниот крем од индиски ореви. Кога сместа ќе се згусне, изрендајте малку морско оревче.
  • На крај наредете ја мусаката - на дното на тепсијата ставете маслиново масло, па наредете ги парчињата компир и прелијте ги со половината од доматниот сос.
  • Преку ова наредете ги парчињата модар патлиџан и тиквички, па покријте ги со остатокот од смесата од домати.
  • На крај, целата мусака прелијте ја со бешамел сосот и рамномерно распоредете го. Одозгора посипете малку оригано.
  • Печете ја мусаката на 180-200°C околу 35 минути.
  • Кога ќе ја извадите од рерна, оставете ја добро да се излади, а дури потоа пресечете ја и послужете ја.

posna-musaka-vkusen-ruchek-za-celoto-semejstvo-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg