Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок

Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - орзо со пилешко и грашок.

predlog-ruchek-orzo-so-pileshko-i-grashok-01.jpg

Подготовката на овој ручек нема да ви одземе многу време, а вкусот ќе ве освои на прв залак.

Потребни состојки:

  • 1 шолја орзо
  • 3 шолји вода
  • 1 голем рендан морков
  • 100g грашок (може и замрзнат)
  • 1 парче пилешки гради, сварено и исечкано на парчиња
  • 1-2 стапчиња целер, исечкани на коцки
  • 1 кромид, исечкан ситно
  • 1 мала главица лук, ситно исечкана
  • 100ml млеко
  • 30g путер
  • Малку маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Во тава ставете 30g путер и малку маслиново масло. Кога путерот ќе се растопи и спои со маслото, пропржете го кромидот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
  • Додадете ги морковот, целерот, лукот и грашокот, па пропржете ги заедно.
  • Ставете го орзото и полијте го со 3 шолји вода (или зеленчукова супа). Оставете да крчка.
  • Кога водата ќе испари (или ќе ја впие орзото), додајте го свареното пилешко месо и млекото.
  • Спојте ги состојките и кога ќе биде зготвено орзото (доколу сакате), можете да додадете 1 лажица путер.
  • Послужете го топло.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg