Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт

Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рецепти, пробајте оригинална грчка мусака.

napravete-vkusna-musaka-so-modri-domati-po-grchki-recept-01.jpg

Сигурно грчката мусака многупати сте ја гледале на менијата во рестораните на летен одмор, но ретко кој се одлучува да ја избере наместо морските специјалитети или месото.

Но, доколку сте љубител на традиционални јадења, можете дома да пробате да направите мусака по грчки рецепт.

Ќе направите мала промена од секојдневните ручеци, а сепак ќе вкусите нешто ново.

Потребни состојки:

  • 2 големи модри домати, исечени по должина
  • Маслиново масло
  • 4 компири, излупени и исечени
  • 1 голем кромид, ситно исечкан
  • 2 чешниња лук, истолчени
  • 750g мелено јагнешко месо (може и јунешко како замена)
  • Оригано, црвен пипер, бибер
  • 2 лажички цимет
  • Чаша црвено вино
  • 600ml доматно пире (густо, со пасирани домати)
  • 75g путер
  • 75g брашно
  • 600ml млеко
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови, со вентилатор.
  • Прв дел: Премачкајте ги парчињата модар домат со маслиново масло и посолете ги, па наредете ги во плех на хартија за печење (во еден слој, не едно врз друго).
  • Печете ги модрите домати околу 30-40 минути, додека не добијат златеста нијанса.
  • Втор дел: Сварете ги компирите во зовриена, солена вода, но немојте да ги преварите, а потоа исцедете ги.
  • Трет дел: Испржете го во тава кромидот на малку масло додека да омекне, а потоа додадете го лукот. За помалку од минута, додадете го месото и убаво запржете го и иситнете го.
  • Додадете ги зачините, циметот, виното, доматното пире, зачинете со сол и бибер и оставете да се прокрчка на рингла.
  • Четврт дел: Загрејте го путерот во тава, просипете го брашното и гответе неколку минути.
  • Постепено додавајте млеко, со постојано мешање додека да се добие мазна смеса како сос.
  • Петти дел: Намалете ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во огноотпорен сад за печење наредете ги испечените модри домати, компирите и месото во слоеви, па на крај завршете со модри домати.  
  • Изматете ги јајцата во белиот сос и истурете го преливот одозгора.
  • Печете 30-40 минути додека да добие златно-кафеава боја.
  • Оставете да отстои на собна температура 10-15 минути пред да пресечете големи коцки за сервирање.

Видео постапка која може да ви послужи (но држете се до рецептот според горенаведените чекори за подготовка):

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg