Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во кујна.
Комбинацијата од плазма и кокос, дополнета со бело чоколадо е навистина неодолива.
За вистинско уживање додадете и малку јагоди (или друго сезонско овошје, во периодот кога ќе ја подготвувате).
Потребни состојки:
- 700ml млеко
- 70g шеќер
- 4 лажици гриз
- 150g кокос
- 125g путер
- 300g мелени плазма бисквити
- 120ml слатка павлака
- 300g бело чоколадо
- Јагоди за декорација
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги млекото, шеќерот, гризот и кокосот, па ставете ги на загреана рингла и варете со повремено промешување.
- Во жешката смеса додајте го путерот и мешајте додека целосно да се растопи. На крај, во смесата ставете ја и мелената плазма, па спојте ги сите состојки.
- Добиената смеса ставете ја во тепсија врз хартија за печење и израмнете ја.
- Во тенџере загрејте ја слатката павлака, па кога ќе почне да врие, додадете го белото чоколадо. Мешајте за да се растопи чоколадото и двете состојки да се спојат, па прелијте го колачот.
- Украсете со јагоди и послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Кремаст чизкејк со кокос, без печење
Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...

Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...