Кремаст чизкејк со кокос, без печење

Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чизкејкот со кокос е вистински избор.

kremast-chizkejk-so-kokos-bez-pechenje-01.jpg

За љубителите на кокос, овој колач е идеален десерт.

Не треба долго време за подготовка, а не се ни пече, што исто така, оди во прилог.

Потребни состојки:

За основата:

  • 180g мелени бисквити
  • 75g путер

За филот:

  • 380g крем сирење
  • 75g грчки јогурт
  • 75g кокос
  • 200g бело чоколадо

За украсување:

  • 100g млечен крем од кокос
  • 80g бело чоколадо

Начин на подготовка:

  • Измелете ги бисквитите и спојте ги со путерот кој сте го стопиле на тивок оган.
  • Смесата ставете ја во калап за торти и убаво натапкајте ја, а ставете тенок слој и на страните на калапот.
  • Подгответе го филот. Во длабок сад ставете ги крем сирењето и грчкиот јогурт, па спојте ги со миксер.
  • Додајте го и кокосот и мешајте додека убаво да се соединат.
  • Белото чоколадо стопете го на пареа или во микробранова печка, па ставете го во смесата од крем сирење и грчки јогурт.
  • Распоредете го филот рамномерно врз основата.
  • Кремот од кокос спојте го со белото чоколадо, па смесата истурете ја врз филот.
  • Оставете го чизкејкот најмалку 2 часа во фрижидер пред да го послужите (или преку ноќ за убаво да се стегне).

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg