Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, ванила... оваа торта е вистински здрав деликатес.
Ако ви се јаде нешто благо, а сакате тоа да е и здраво, тогаш мора да ја пробате оваа јафа торта.
Се прави во блендер и готова е за помалку од еден час.
Потребни состојки:
- 1 портокал со кора
- 3 јајца
- 200g крупни овесни снегулки
- 10g прашок за пециво
- Прстофат сол
- Малку екстракт од ванила
- 6 лажици маслиново масло
- 6 лажици јаворов сируп (ако немате, ставете 2 лажици мед)
- 120g грчки јогурт
- 40g црно чоколадо за премачкување
Начин на подготовка:
- Измијте го портокалот, пресечете го на неколку крупни парчиња и ставете го во блендер сосе кората.
- Додадете ги сите останати состојки: јајцата, овесните снегулки, солта, прашокот за пециво, екстрактот од ванила, маслиновото масло, грчкиот јогурт и јаворовиот сируп (или медот).
- Изблендирајте за да добиете мазна смеса.
- Во тркалезна тава ставете хартија за печење, попрскајте ја со кокосово масло и истурете ја смесата.
- Печете на 200 степени првите 8 минути, па намалете на 170 и печете уште 20 минути.
- Кога тортата ќе биде готова, извадете ја и прелијте ја со црно растопено чоколадо, а одозгора можете да ја украсите со малку рендана кора од портокал.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...