Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости
Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пред Велигден, за себе или за гостите можете да подготвите вкусни, а посни бомбици од портокал.
Некои вкусови не се забораваат - како на пример вкусот на портокал во колачите, кој им дава свежина и преубав шмек.
Еден од тие рецепти со одличен вкус е токму овој - посни бомбици со портокал.
Направете ги, нема да згрешите.
Потребни состојки:
За бомбиците:
-->
-->
- 420g брашно
- 90g шеќер
- 0,5 лажичка сол
- 220g маргарин
- 1 лажица кора од портокал
- 2 лажици свежо исцеден сок од портокал
- 1 лажичка чист екстракт од ванила
За зашеќерениот портокал:
-->
- 3 лажици шеќер
- 0,5 лажичка кора од портокал
За глазурата од портокал:
- 300g шеќер
- 3 лажици свежо исцеден сок од портокал
- 3 лажици вода
- 0,5 лажичка кора од портокал
Начин на подготовка:
- Измијте ги и исушете ги сите 3 портокали, па изрендајте ја кората на ситно. Ставете ја во мал сад и тргнете ја на страна.
- Исечете ги портокалите на половина и исцедете ги (ќе ви требаат околу 5 лажици сок).
- Во длабок сад ставете ги брашното со 50g шеќер и ½ лажичка сол, па тргнете ја смесата на страна.
- Во длабок сад ставете го маргаринот и матете со електричен миксер за да стане мек и кремаст.
- Додадете го останатиот шеќер (околу 40g) и продолжете да матите додека да се спојат убаво маргаринот и шеќерот.
- Во смесата ставете 2 лажици свежо исцеден сок од портокал, 1 лажичка чист екстракт од ванила и 1 лажица кора од портокал.
- Кога ќе почнете да матите може да изгледа одвоено, но мешајте на мала брзина додека не почне да се соединува, а потоа зголемете ја брзината.
- Полека додавајте ја мешавината од брашно со шеќер - тестото прво ќе стане ронливо, но откако „ќе се распадне“, зголемете ја брзината на миксерот и матете додека не се соедини во мазна смеса.
- Садот во кој го матите тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.
- Откако ќе се излади, во мал сад изматете 3 лажици шеќер со ½ лажичка кора од портокал.
- Поделете го тестото на 36 парчиња и од секое парче направете бомбица. Потоа, секоја бомбива извалкајте ја во смесата од портокал со шеќер.
- Ставете ги бомбиците во тава за печење која сте ја обложиле со хартија. Печете ги колачињата на 250 степени Целзиусови околу 10 минути.
- Откако ќе ги извадите, оставете ги барем една минута на плехот за печење и потоа префрлете ги на решетка за ладење.
- Кога ќе бидат целосно изладени, прелијте ги со глазурата од портокал.
- Неа можете да ја подготвите додека се ладат бомбиците.
- Во мал сад измешајте 300g шеќер во прав со 3 лажици свежо исцеден сок од портокал, 3 лажици вода и ½ лажичка кора од портокал.
- Потопете ја горната половина од секое колаче во глазурата од портокал и врате го врз решетката за ладење за да се спојат колачот со глазурата.
- По желба, додека глазурата е влажна, можете да наросите кора од портокал или гранули од портокал (може да се најдат во продавници за колачи).
- Оставете ја глазурата да се стврдне околу еден час, а потоа можете да ги послужите колачите.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...