За велигденската трпеза: Гнезда од кадаиф полнети со Нутела и чоколадни јајца
Овие тартови кои наликуваат на гнезденца со јајца се прават многу брзо и лесно, а идеално ќе се вклопат како десерт на вашата велигденска трпеза.
Ако уште немате смислено десерт за велигденската трпеза, имаме идеален предлог за вас.
Се подготвува брзо и лесно во поголема количина, а изгледа совршено и ќе ви ја краси трпезата.
Станува збор за тартови со кадаиф и Нутела, кои наликуваат на мини гнезденца со јајца.
Потребни состојки (за 24 тартови):
За тартот:
- 375g кадаиф
- 125g несолен путер, стопен
- малку путер за премачкување на калапите
За шербет:
-->
-->
- 250g шеќер
- 375ml вода
За филот:
-->
- 500g Нутела, претходно омекната
За декорација:
- Мини велигденски јајца
Начин на подготовка:
- Оставете го кадаифот на собна температура и загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
- Намачкајте ги со путерот калапите за мафини.
- Во мало тенџере, ставете ги водата и шеќерот и на средна температура мешајте додека шеќерот целосно не се растопи.
- Околу 7 минути нежно мешајте додека убаво да се соедини мешавината па оставете да се олади.
- Кадаифот ставете го во сад и со раце кинете го додека не добиете ситни парченца.
- Истурете го путерот во кадаифот и убаво измешајте со раце додека не се распореди насекаде.
- Наполнете ја секоја дупка од калапот за мафини со кадаиф и благо притиснете на средината, така што од страните ќе биде повисоко.
- Печете 30 минути, извадете ги од рерна и ставете по една лажица од шербетот на секој тарт, па оставете да се оладат.
- Нутелата, која претходно ќе биде омекната, префрлете ја во шприц или ќеса со дупка и ставете на средината на секој тарт, па декорирајте со мини јајца.
Видео постапка:
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...

Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза
Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...

4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...

Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил
Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...