4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата што ви останаа од велигденските празници.
Ви останаа велигденски јајца? Без грижа, секогаш има совршен начин да ги искористите.
Овие вкусни рецепти ќе им се допаднат на сите, а се брзи за подготовка.
Во продолжение неколку предлог рецепти:
Тортиљи со фил од јајца
Потребни состојки:
- Готови или домашни тортиљи
- 4 тврдо варени јајца
- 150g варени компири
- 160g мајонез
- 300g мешан варен зеленчук (златна мешавина или друго)
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче црн бибер
- Павлака, чили сос (по желба).
Начин на подготовка:
- Јајцата и компирите се пасираат со виљушка во длабок сад, за да се добие изеднечена смеса, па потоа се додава мајонезот;
- Филот се зачинува со сол и со бибер;
- Тортиљите се премачкуваат со филот, а потоа се додава мешаниот претходно сварен и посолен зеленчук;
- Врз готовите тортиљи може да се додаде павлака или некој сос по желба.
Мимоза салата со шунка и парчиња сирење
Потребни состојки:
- Зелена салата (марула)
- 150g шунка
- 150g сирење
- 3 варени јајца
- 150g мајонез
- 1/2 лажиче сол (или по вкус)
Начин на подготовка:
- Зелената салата се сечка, а потоа врз неа се додаваат шунката и сирењето исечкани на ситни коцкички;
- Врз салатата се додаваат ситно исечкани варени јајца, се посолува, па потоа се додава и мајонезот и сите состојки добро се мешаат;
- Наместо мајонез можете да користите и павлака или грчки јогурт.
Уште два рецепти на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Рецепт за руска салата за новогодишните празници
Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза
Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
-->
-->