4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Салата со јајца и туна
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 100g павлака
- 1 лажица сенф
- 1 лажица сечкан свеж магдонос
- 2 лименки туна на парчиња
- половина кромид
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче црн бибер
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се мешаат павлаката, сенфот и магдоносот;
- Туната претходно добро се процедува од маслото, а поголемите парчиња се сечкаат поситно и се додава кромидот;
- Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначена смеса;
- Варените јајца се лупат, се сечкаат ситно, па се мешаат со другите состојки.
- Доколку не сте љубител на кромид, можете да го замените со друг зеленчук по ваш избор, како краставица, зелена салата и слично.
Полнети (ѓаволски) јајца
Потребни состојки:
- 4 тврдо варени јајца
- 1-2 лажици грчки јогурт
- 3-4 кисели краставички
- 1 конзерва сечкана туна
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче црн бибер.
Начин на подготовка:
- Јајцата се лупат и со нож се сечат на половина, па од нив се вади жолчката;
- Жолчките се ставаат во длабок сад, им се додава грчки јогурт, сол, црн бибер, рендани кисели краставички и ситно исечкана туна;
- Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначена смеса, па белките од јајцата се полнат со неа;
- Остатокот од филот можете да го сервирате со потпечено лепче или двопек.
В. К. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Рецепт за руска салата за новогодишните празници
Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза
Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк
Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...