Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со Нутела и бело чоколадо.
Понекогаш, десертот можете да го подготвите со менување на формата на веќе постоечки десерт, и со додавање на неколку состојки.
Па, пробајте да ги направите овие чоколадни бомбици, сигурно ќе ви се допаднат.
Потребни состојки (за 25-30 бомбици):
- 1 кутија смеса за чоколадна торта (и состојките што ги пишува на кутијата за да ја направите тортата)
- 100g Нутела
- 250g стопено бело чоколадо
Начин на подготовка:
- Подгответе го тестото за чоколадната торта според упатството на кутијата. Откако ќе го испечете, со виљушка раздробете го на ситни парченца (како песок).
- Додадете ја Нутелата и убаво спојте ги двете состојки (замесите со рака).
- Кога ќе добиете компактна смеса, направете топчиња и ставете ги во замрзнувач околу 30 минути.
- Во меѓувреме, стопете го белото чоколадо, па во него извалкајте ги бомбиците.
- Ставете ги врз решетка да се исцеди вишокот чоколади и да се стврдне.
- По желба, украсете ги со малку стопена Нутела.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Торта со гриз и мак, без печење - се топи во уста
Тортата се подготвува многу брзо, но мора да бидете трпеливи и да почекате некол...

Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...

Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни
Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие...