Торта со гриз и мак, без печење - се топи во уста
Тортата се подготвува многу брзо, но мора да бидете трпеливи и да почекате неколку часа да се стегне пред да ја јадете.
Во потрагата по нови рецепти, овој пат ви нудиме торта гриз и мак која е лесна и брза за подготовка.
Толку е кремаста, што се топи во уста уште при првиот залак.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
- 80g гриз
- 140g мелен мак
- 150g шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 600ml млеко
- 400g мелени бисквити
- 125g путер
Прелив:
- 200g бело чоколадо
- 80ml слатка павлака
Начин на подготовка:
- Во млекото со шеќер варете ги гризот и макот околу 15 минути.
- Додадете го путерот, убаво измешајте, па додадете ги и мелените бисквити.
- Соединетата смеса истурете во тавче за чизкејк (обложете го со хартија за печење за да не ви се залепат страните).
- Во мал сад растопете го белото чоколадо на пареа, па додадете ја слатката павлака.
- Со оваа смеса прелијте ја тортата.
- Оставете ја да се излади во фрижидер најмалку 2 часа (или уште поубаво - преку ноќ).
Бонус видео:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...