Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни

Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие вкусни пржени лепчиња!

posni-przheni-lepchinja-krckavi-i-vkusni-01.jpg

Ако постите, а пржените лепчиња ви се омилениот појадок - тогаш мора да ја пробате посната варијанта на ова јадење.

Сите ги знаеме пржените лепчиња со јајца. Скоро и да не постои некој што не ги обожава.

Но, што ако постите и ви недостига нивниот вкус?

Пробајте ја оваа посна варијанта на вкусни и крцкави лепчиња.

Потребни состојки:

  • Неколку кришки леб
  • 400ml млака вода
  • 3-4 лажици брашно
  • 2-3 лажички сенф
  • Малку сол

Начин на подготовка:

  • Во млаката вода ставете 3-4 лажици брашно и спојте ги двете состојки за да добиете смеса како тесто за палачинки. 
  • Додадете уште малку брашно ако смесата ви е многу ретка.
  • Кога смесата ќе биде мазна, додадете неколку лажички сенф (по вкус) и малку сол.
  • Секое парче леб потопете го во смесата од двете страни, па испржете го.
  • Пржените кришки ставете ги врз листови хартија кои ќе го впијат вишокот масло.
  • Послужете ги со ајвар, посен мајонез или салата по желба.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg