Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил

Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со чоколаден фил. Звучи примамливо нели? Како да ги подготвите?

prsti-da-izlizhete-mafini-so-nutela-i-chokoladen-krem-01.jpg

Со овој рецепт ќе добиете 12 поголеми мафини – идеални ако чекате гости, или ако сакате да направите десерт за два или повеќе дена.

Никој нема да ви верува дека сами сте ги подготвиле, а очекувајте сите да бараат репете.

Потребни состојки:

За мафините:

  • 225g маргарин или несолен путер (на собна температура);
  • 225g шеќер во прав;
  • 4 поголеми јајца (благо изматени со миксер, на собна температура);
  • 1 лажица прашoк за печиво;
  • 1 лажица екстракт од ванила;
  • 30ml млеко.

За полнење:

  • Околу 2 лажици Нутела за секој мафин.

Крем за декорирање:

  • 150g несолен путер (омекнат);
  • 100g Нутела;
  • 300g шеќер во прав (просеан);
  • 30ml млеко.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 170 степени Целзиусови (150˚ ако користите вентилатор);
  • Во длабок сад се става маргаринот или путерот, па се додава шеќер, брашнo, прашок за печиво, екстракт од ванила и млеко;
  • Состојките се матат со миксер, додека да се добие изедначена смеса;
  • Готовата смеса се распоредува во претходно премачкани калапчиња за мафини;
  • Секое калапче се полни до половина;
  • Мафините се печат на температура од 170˚ Целзиусови (или 150˚ Целзиусови ако користите вентилатор), околу 17 минути;
  • За да бидете сигурни дека се готови проверете ги со чепкала;
  • Во друг сад се става путерот и Нутелата и се матат со миксер додека да се изедначат;
  • Се додава шеќер во прав и млеко, па се мати со миксер додека да се добие, еднаков фил;
  • По печењето мафините се оставаат да одморат околу 15 минути, а потоа секој мафин се издлабува на средината и се полни со Нутела;
  • На крај се декорираат со готовиот фил од Нутела и путер.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg