Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните

Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не можат да им одолеат? Брзо се готват, а уште побрзо ги снемува...

recept-za-mini-palachinki-so-nutela-gi-obozhavaat-i-decata-i-vozrasnite-01.jpg

Ако сакате да ги изненадите блиските и децата, можете за десерт или појадок да им подготвите мини палачинки со Нутела, на кои сигурно никој нема да им одолее.

Иако овој рецепт ќе ви делува можеби малку покомплицирано, сепак, вреди да се проба, затоа што со него, секогаш ќе добиете палачинки како од слаткарница.

На крајот ќе добиете 4 порции палачинки, кои сигурно ќе им се допаднат на сите.

Потребни состојки:

  • 100g бело брашно;
  • 10g шеќер;
  • 1 јајце;
  • 125ml млеко;
  • 15ml сончогледово масло за јадење;
  • 2g (мала лажичка) прашок за печиво;
  • Прстофат сол;
  • 60g Нутела.

Начин на подготовка:

  • Јајцето се двои на белка и на жолчка во два посебни подлабоки сада;
  • На белката ѝ се додава прстофат сол и се мати со миксер додека не се добие шлаг;
  • На жолчката ѝ се додава шеќер и се мати додека не се добие пена;
  • Се зема длабок сад, па во него се става брашното и му се додава прашок за печиво и сувите состојки се мешаат;
  • Се додава мешавината од жолчката и шеќерот, млекото и маслото, па се мешаат состојките со жица за матење;
  • На крај полека се додава шлаг пената од белката и се вмешува полека;
  • Готовата смеса се остава да одмори во ладилник околу 15 минути;
  • Се зема нелепливо тавче и се премачкува со малку масло, па се загрева;
  • Со лажица се вадат мини палачинки со големина од околу 6 до 7cm;
  • Секоја палачинка се пече околу една минута од секоја страна, или додека не добие златно кафеава боја;
  • Сервирајте ги палачинките со Нутела, а можете да додадете и свежо овошје.

recept-za-mini-palachinki-so-nutela-gi-obozhavaat-i-decata-i-vozrasnite-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg